Alice in Wonderland
Исто така ги напиша и:
- Запознај ја Македонија и моли се да излезеш жив од неа
- Не е лесно да си дете
- Ментална лакрдија
- Дај да те уапсиме, Господ да те види
- На работа, на труд
- Прле пред магаре
- Воајерска хортикултура
- Пред се, ЧОВЕК!
- Кому да се верува
- Слепило
- Турбо
- “Почесна“ делба
- Урбана реалност
- Контрадикторност или навика ?!
- Колку да се каже нешто...
Прва | Претходна 1 2 Следна | Последна
|
Колумната е напишана од авторот: Alice in Wonderland
Објавено на: 12-March-2010 01:16 Колумната е прочитана 630 пати |
|
“Почесна“ делба
Во неколку наврати до сега споменав и потенцирав дека имаме нескротлива потреба да делиме се што ќе ни дојде на патот. Ама ние сме таква чудесна раја, што се делиме и делиме, се додека не стигнеме до ситуација да се поделиме и самите себеси на две фракции. Еден конфликт ни е малку, па сакаме уште еден и уште еден, се делиме од брат и сестра поради различна партиска припадност, од комшија и другар поради различна етничка припадност, од сограѓанин и колега поради верски несогласувања. И се така, додека не се оградиме од сите околу нас поради некоја “ненадминлива пречка“ и додека не останеме сами. Зарем е возможно човековата глупост да оди до тој степен и сите вакви вештачки создадени категории, кои своевремено служеа за да му го олеснат животот на човекот во општеството, сега да станат главен фактор на агресија?!
Религија. До каде отиде една појава што на времето беше создадена за да им ги објасни на неуките дождот и сонцето, за да ја поднесат полесно смртта и разделбата. Ги подели луѓето на верувачи во еден и во друг бог, на неверници и еретици. Дождот, сонцето, смртта, плодноста на почвата.....сите тие доаѓаат од исто место и настануваат на исти начин. Како е возможно толку многу поделби кога во суштината сме единствени. Тепачки за божји храмови. Зарем потребно е советот на општината да ви изгласа детален урбанистички план за Господ да ве види? Нели е полесно да се помолите и да го славите било каде?
Етничка припадност. Луѓето своевремено немаа сретства да патуваат и да се глобализираат. За нив светот завршуваше каде што достигнуваше нивниот поглед во хоризонтот. Живееја таму каде што по игра на судбината се родиле, и си создаваа свој свет, свои карактеристики. Денес кога светот ги отвори вратите, кога успеавме да погледнеме позади планините што ни го сопираа погледот, сите се измешавме во еден голем котел, но и ситуацијата почна да врие. И ден денес не можам да ја разберам таа етничка раздразнетост и нетрпеливост. Албанецот, кој вака или онака стигнал да го сее своето семе на овие простори, во себе носи карактеристики кои се за него лично својствени. Глупаво е да бараме истиот да се претопи, исто како што е глупаво тој да бара да биде комплетно единствен. Но, тоа не е доказ дека не можеме да живееме заедно..... Кога во еден лонец ќе надробиме морков и компир и ќе полееме вода и сол....сите тие си ги задржуваат своите карактеристики, но заедно го прават јадењето кое посебно никое од нив само не би можело да го создаде.
Или партиска определеност. Најголемата глупост на која човекот одбра слепо да и верува. Една шака елитни фаци, кои борејќи се за власт не одбираа средства, ги поделија работниците и работодавците, училиштата, културните домови, музичарите, градот....особено ме разгневува кога ќе слушнам дека проблем е изливањето на македонските умови од државава, а истите тие партии се примарниот услов за убивањето и на последните искри желба да се остане. Еден амбициозен дечко, кој до пред некое време имаше одлична идеја, да создаде место на интернет-просторот во кое луѓето анонимно и спокојно ќе можат да го дадат својот глас за оваа или онаа личност или партија.....нешто што за него беше обичен студентски проект и сосема надвор од желбата да поттикне партиска нетрпеливост....нешто што тој и сите нормални го перцепиравме единствено како добро изработен веб сајт...деновиве беше мета на напад, на ни помалку-ни повеќе, партиски фаци кои не беа задоволни од резултатите од анкетите!! Па дечките видно изреволтирани, се обидувале да најдат 301 начин како да ги фалсификуваат резултатите, како нивната партија да изгледа поуспешна, небаре според тие резултати ќе се делат местата во Собрание. Уште еден студентски проект доведен на работ на колапс.....страшно!
Јас не сум припадник на ниту една религија, ќе причекам да видам кој Бог ги решава најубаво проблемите, па можеби таму да се приклучам. И не се декларирам како дел од ниту една етничка група, ниту пак сум член на политичка партија. Мрази ме што сум “ништо“, но барем нема да ме мразиш зошто сум од другите. Јас немам мои и твои, ги почитувам сите подеднакво. И ќе завршам служејќи се со еден стих.....само за да потенцирам дека оваа “почесна“ делба ќе заврши со почесна стрелба...ама не горе в небо!