Последни коментари:
Од: охрид
Две реченици за Скопје и останатото за Охрид. Македонија е повеќе од тоа. Поправи си го насловот....
Од: ели
бреј.....Мими...јазик и перо ко сатар имаш, не ти чинат археолози, не ти чинат џандари,не ти чинат с...
Утрински весник, 26.6.2010 Мислење 147 |
|||
| Автор: filippetrovski | |||
Мислење 152, 31.7.2010 Ајде размислете не сте ли слушнале од вашиот пријател или пак комшија кој ви вели „па што ќе ни е ЕУ, ако сме безбедни со НАТО. Та ние и така и вака сме во Европа. Нивен проблем е дали не примаат или не...“ |
|||
| Автор: filippetrovski | |||
... Среќа, Србиве се верен народ, дури и плакета за најгостопримлив град на Балканов ни доделија! Со нетрпение чекам да видам што ќе добиеме догодина. Ручка од тупан мислам дека ќе заврши работа. |
|||
| Автор: Alice in Wonderland | |||
Замисли си, читателу, и премиерот вака појадува цел месец. Со фамилијата, кога ќе ја запоседнат трпезата, една паштета од 300 грама ќе ја поделат на пропорционални делови и доволна им е за функционирање 24/7. Анорексични, дваесет и четири / седум! |
|||
| Автор: Мими | |||
Мора да признаете дека ви е симпатично да гледате закачени алишта на жици покрај прозорците. Барем на тој начин сте сигурни дека станарите што живеат внатре не одат голи и боси, ко што се шпекулира. |
|||
| Автор: Мими | |||
Потпевнувајќи си ја "Дувна ветре развигорче" се редевме на броенка. По принципот “Падна бомба од небото, па удари баба меца....“ биравме кој ќе жмури. Со “Шарац-комарац“ му одредувавме до колку ќе брои и играта почнуваше. Ако некој денес најде барем 10 дечинја што знаат да ги испеат овие три песнички јас лично ќе предложам да биде одликуван со највисоко признание. |
|||
| Автор: Alice in Wonderland | |||
Ако убаво ги разлистате сите учебници од наставната програма, ќе заклучите дека може најпаметно е децата да го прескокнат петтото одделение. Море не само тоа... Ќе сфатите дека најголемата клетва е да му посакате на непријателот детето да му повторува петто одделение и да ја учи два пати таа профана книга по Општество. |
|||
| Автор: Мими | |||
Во принцип, и јас да живеев во Канада ќе бев за прекинување на преговорите. Арно ама, бидејќи овде живеам веќе дваесетта година, (со ретки можности за кратко патување до Охрид, кое во речник стои под името „годишен одмор“), мора да соопштам дека не ми звучи баш умно откажувањето од членство во НАТО и ЕУ. Звучи апсурдно! Затворениот простор на нашата земја, каде најголемиот економски бенефит е да извеземе праски кои подоцна ќе ги увеземе како тетрапак сок, е дваесет годишна состојба на нашата економија. Здравство кое полека но сигурно го фаќа метастаза, сведочи за тоа дека главен услов за да те примат на преглед дури и во најкритична состојба е – да викнеш камерман. Во вакви и во услови на повеќегодишна алергичност на политичките структури да преземат одговорност сходна на својата функција, патриотизмот може да биде само и исклучиво нож со две острици. Првата треба да го пресече во корен разумот, а втората има намера да ја исече и последната ронка надеж дека конечно еднаш ќе погледнеме во иднината наместо во минатото. |
|||
| Автор: Мими | |||
Потсетник: Откако во болницата снемало струја, приземните доктори биле принудени да го искористат светлото од нивниот мобилен телефон. Почнувам да се сомневам дека гаснењето на мобилните телефони во јавни установи е лош потег. Непосредно по овој Чак Норисовски чин, интернет младината се прашуваше која марка бил мобилниот и се шегуваа дека детенцето треба да се крсти според неа. Соња – ериксон, чинам ја нарекоа... Досетливите веднаш ја преиначија поговорката па сега таа гласи: Роди ме мајко со мобилен, па фрли ме на буниште. Да му е страв на човек да остане труден... |
|||
| Автор: Мими | |||
„Ако мислиш дека си премногу мал за да направиш промена, пробај да заспиеш со комарец покрај креветот.“ |
|||
| Автор: Мими | |||